Годишно и до 6 милиони третмани за дијализа
Луѓето со пресадени органи и пациентите кои одат во центрите за дијализа се соочуваат со секојдневни предизвици. Но, за нив тоа значи нов живот. Во 9-те центри во земјава годишно се прават речиси 6 милиони третмани. Клучно е внесувањето нови технологии и следењето на светските стандарди во лекувањето...

Во земјава, 200 пациенти живеат со донирани органи кои им го спасиле животот. Едни од нив се Влатко Стојановски и Киро Христовски кои велат дека вербата ги водела напред за да успеат. Тие, заедно со уште 650 луѓе одат на дијализа во 9-те центри.
Во просек, на годишно ниво се прават 5,9 милиони третмани. Во центрите, тим од 54 професионалци се грижи за пациентите. Лекарите велат дека животот на овие лица е тежок, но тие се да го олеснат целиот процес.
За ефикасен третман мора да се следат и спроведуваат светските стандардите и новите методи, да се користи и вештачка интелигенција за пациентите на дијализа, процес што за нив значи нов живот.
Анита Никушева – Јованчев
