Политика

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со меѓусебни обвинувања

18.09.2022 17:27

ВМРО-ДПМНЕ го обвини премиерот Ковачевски дека е дезертер, кој во конфликтната 2001-ва свесно одбегнал служење воен рок поради трајна неспособност. СДСМ во контранапад – пласираат лаги за да го прикријат расколот во нивните редови и да го оттргнат вниманието од спорниот тендер...

Премиерот Димитар Ковачевски е дезертер, кој во 2001-та година одбил да служи воен рок, прикажувајќи се за трајно неспособен – обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, премиерот не заслужува да ја води државата и треба да поднесе оставка. Оттаму тврдат дека поседуваат документи кои ќе ги објават доколку премиерот самиот не каже дали е вистина дека во 2001-та избегнал служење на воениот рок.

За социјалдемократите, токму Ковачки е дезертер кој, како што велат од партијата шири лаги и измислици за да се дефокусира вниманието на јавноста од расколот во опозициските редови и спорниот тендер, вреден 136 милиони евра што ги скара ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

И додека ВМРО-ДПМНЕ чека оставка од премиерот Ковачевски, СДСМ бара надлежните институции целосно да го истражуваат сомнителниот тендер од 136 милиони, и секој за кој ќе се докаже вина да понесе одговорност.

Миле Ристески