Скопје и Софија засега без договор за струја
Скопје и Софија не постигнаа договор на денешната средба за цената на струјата, којашто Бугарија би ја извезувала кај нас, објавија Миа и Бугарското радио. Во работната група од наша страна биле директорите на македонските енергетски компании, Ковачевски и Муртезани и советникот на премиерот, Виктор Андонов...

Скопје и Софија не постигнаа договор на денешната средба за цената на струјата, којашто Бугарија би ја извезувала кај нас, објавија Миа и Бугарското радио. Во работната група од наша страна биле директорите на македонските енергетски компании, Ковачевски и Муртезани и советникот на премиерот, Виктор Андонов.
На средбата не паднал договор за цената и за трошоците за транспорт на електричната енергија, а нова средба ќе има следната недела. Скопје очекува да добие пониска цена за најмалку 15 проценти од берзанската, или помалку од 400 евра за мегават час.
