Свет
Силен земјотрес во Тајван
18.09.2022 18:15
Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала го погоди југоисточниот дел на Тајван...

Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала го погоди југоисточниот дел на Тајван, епицентарот на земјотресот бил во близина на Таитунг кој бил проследен со земјотрес со јачина од 6,4 степени во истото подрачје.
Двајца преживеани се спасени од урнатата зграда во населеното место Јули во Тајван, а двајца сè уште се заробени внатре.
Пријавени се и поголем број на штети како разорени железички пруги, урнати згради, и блокирани патишта.
