Свет

Тајфунот Нанмадол направи хаос, еден загинат и над 60 повредени

19.09.2022 09:54

Улиците беа преплавени со матна вода од реките, а многу домаќинства останаа без струја. Силниот ветер урна патишта и билборди, се скршил градежен кран...

Најмалку едно лице загина, едно е исчезнато, а 60-ина се повредени откако тропска бура го погоди југозападниот дел на Јапонија и се упати кон север, кон Токио.

Улиците беа преплавени со матна вода од реките, а многу домаќинства останаа без струја. Силниот ветер урна патишта и билборди, се скршил градежен кран, а штета е направена и на казино во градот Кагошима во југозападна Јапонија.