Македонија
МВР: 240 санкции за брзо возење
19.09.2022 12:04
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 240 возачи...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 240 возачи.
Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 113 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 127 надвор од населено место.
