Македонија

Ранатата дијагноза и навремениот третман клучни за справување со ретките гинеколошки карциноми

19.09.2022 13:12

Подигнување на свеста за важноста и грижата за репродуктивното и сексуалното здравје на секоја жена е важно за раната дијагноза и навремениот третман на ретките гинеколошки карциноми. Приближно 18,5 милиони жени годишно се заболени од гинеколошки карцином, а скоро на секои пет минути, згаснува животот на една жена...

Нередовен или зачестен месечен циклус треба да биде аларм да се посети гинеколог. Ретките гинеколошки карциноми во светски рамки биле дијагностицирани кај млади девојки и кај девојчиња во пубертет.

Симптомите се лесни и не постои скрининг, се открива многу подоцна во текот на животот. Како полесно се дијагностицира и како да се третираат е клучното прашање. Лекарите велат дека ваквите ретки онколошки заболувања, во Македонија уште поретко се сретнуваат бидејќи сме мала земја, затоа искуството на лекарите од светот е од особено значење.

Скоро на секои пет минути, згаснува животот на една жена поради гинеколошки карцином. На глобално ниво, се проценува дека гинеколошките карциноми сочинуваат приближно 19% од новодијагностицираните карциноми кај жените, половина од овие карциноми може да се класифицираат како ретки. Приближно 80.000 нови случаи со редок гинеколошки карцином се дијагностицираат годишно во Европа.

Ретките гинеколошки карциноми исто така се асоцираат и со лоша прогноза, а петгодишната вкупна стапка на преживување на пациентите со редок гинеколошки карциноми е речиси 50%.

Наташа Јанчиќ Менковски