Скопје
Локализиран пожарот во близина на „Рампа“
19.09.2022 13:19
Изгоре барака, но со брза интервенција на пожарникарите, спречено ширење на огнената стихија...
Локализиран пожарот во близина на „Рампа“ во центарот на Скопје. Изгоре барака, но со брза интервенција на пожарникарите, спречено ширење на огнената стихија.
Просторот го обезбедува полиција, бидејќи околу бараките има повеќе згради. Со пајак службата се собираа и паркирани возила околу местото каде е пожарот.
Од Центарот за управување со кризи велат дека добиен е повик за пожар на бројот 112 по што веднаш се испратени екипи на терен.
