Новите членови на Судскиот совет дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието
Тројцата нови членови на Судскиот совет дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието. Мирјана Радевска-Стефкова, Зоран Герасимовски и Ивица Николовски, минатата недела на непосредни избори ја добија довербата од нивните колеги. Се обврзаа на почитување на уставот и законите...

Враќање на довербата во судството, јакнење на независноста и самостојноста на судиите, примена на мерки против корупцијата и пополнување на судии во судовите каде што недостасува кадар-основни приоритети на новоизбраните членови на Судскиот совет. Беа избрани од нивните колеги со непосредно гласање.
Велат дека иако според последните истражувања довербата на јавноста во судството е само осум насто, ќе се залагаат за што поголема независност од политички или бизнис влијанија. Сметаат дека кадарот што излегува од Академијата треба да добие шанса за унапредување во службата на повисоко ниво, откако ќе се оцени дека квалитетно си ја извршува функцијата.
Во Програмата за превенирање на корупцијата се наведени примери за судии кои голем дел од времето го посветуваат на вршење адвокатска работа и надвор од своите надлежности се впуштаат во решавање предмети на свои колеги со директно или индиректно влијание.
Игор Панов
