Свет
Бајден: Ќе го браниме Тајван во случај на напад
19.09.2022 13:52
Според портпаролот на Белата куќа, американската политика кон Тајван не е променета. Бајден нагласи и дека „не го охрабрува“ островот да прогласи формална независност...

Американскиот претседател Бајден изјави дека американските сили ќе го бранат Тајван во случај на кинеска инвазија.
Според портпаролот на Белата куќа, американската политика кон Тајван не е променета. Бајден нагласи и дека „не го охрабрува“ островот да прогласи формална независност. Кина ја осуди изјавата на Бајден, додавајќи дека тоа е сериозно прекршување на дипломатските ветувања на Вашингтон.
