Свет

ВоТајван регистриран нов земјотрес со јачина од 5,6 степени

19.09.2022 13:59

Земјотресот бил два километра под површината на земјата. Тајван се справува со последователни потреси по двата силни земјотреси за два дена, од кои најсилниот беше вчера...

Нов земјотрес со јачина од 5,6 степени по Рихтер го погоди Тајван. Земјотресот бил два километра под површината на земјата. Тајван се справува со последователни потреси по двата силни земјотреси за два дена, од кои најсилниот беше вчера.

Во земјотресот од 6,8 степени кој го погоди ретко населениот југоисточен дел на Тајван доведе до уривање на најмалку една зграда, додека две лица останаа заробени. Земјотресот предизвика и излетување на воз од шините и уривање на продавница.