По Канада, лобирање во Франција

25.11.2013 10:45

Министерот за надворешни работи на Република Македонија

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски денеска е во  еднодневна работна посета на Француската Република, при што ќе се сретне со неговиот домаќин, министерот за надворешни работи на Франција, Лоран Фабиус. Во рамките на програмата, предвидени се средби со сенаторот Ален Ришар, специјален пратеник за економска соработка со балканските земји и поранешен министер за одбрана на Француската Република. На средбите ќе се разговара за  билатералните односи, за економската соработка , напредокот на Република Македонија во европските и евроатлантските интегративни процеси, и во тој контекст регионалната соработка, како и други меѓународни теми од взаемен интерес.