Јотовски со најдобар ранкинг во кариерата
И додека Рафаел Надал ја зголеми предноста во однос на Новак Ѓоковиќ и разликата меѓу првите двајца светски тенисери по турнирот во Монте Карло од Мастерс 1000 серијата сега е 2.270 бода, нашиот Томислав Јотовски од денеска го има најдобриот АТП пласман во кариерата.

По солидните настапи во Шарм Ел Шеик изминатиов период, особено по полуфиналето на последниот турнир, на најновото рангирање тој напредуваше за 49 места и сега се наоѓа на 720.позиција. Најдобар македонски тенисер на листата и натаму е Димитар Грабул на 513.место. Далеку зад Грабул и Јотовски се Шендрит Деари (1.139), Бесир Дургути (1.506) и Стефан Мицов (2.032).
На ВТА листата Лина Ѓорческа го поправи пласманот за три позиции и пак се врати меѓу првите 500. Сега се наоѓа на 499.место.