Средношколците од Могила сè уште без организиран превоз
Родителите на околу сто средношколци од општина Могила револтирани што нивните деца сè уште немаат организиран превоз до битолските средни училишта. Велат, често се изостанува од настава затоа што во селата каде нема линиски превоз мора со лични возила да се носат децата а и онаму каде што има редовни линии за граѓанството не можат да се наплатат средствата …

Од почетокот на новата учебна година околу стотина средношколци од општина Могила мака мачат како да стигнат на настава во битолските средни училишта. Родителите револтирани што сè уште не е во функција организираниот ученички превоз. Најтешко им е на оние села кој не се поврзани со линиски превоз, но средствата не можат да си ги наплатат ниту средношколците кој ги користат ваквите линии. Наместо бесплатен превоз ние сме изложени на високи издатоци, велат родителите.
Поддршка засега само од независниот советник во општината кој прстот го вперува во нефлексибилноста на општината.
Градоначалникот на Општина Могила, вели запознаени сме со проблемот, но нашите ингеренции се само за основното образование. За решавање на овој проблем, вели, надлежни се други.
Во информацијата што ја добивме од општина Битола стои дека проблемот е во фаза на решавање, односно законската постапка која требаше да ја спроведи општината е во тек а е започната во законскиот рок веднаш по добивањето на податоците од училиштата за бројот на ученици.
Стевче Митревски
