Македонија

Дизелот поетинува за три денари, екстра лесното масло за денар и пол

19.09.2022 14:21

Цената на дизелот од ноќеска на полноќ ќе се продава по поевтина цена за три денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Ќе се продава за 92 денари за литар...

Цената на дизелот од ноќеска на полноќ ќе се продава по поевтина цена за три денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Ќе се продава за 92 денари за литар. Цените на бензините остануваат исти. ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава по цена од 84,5, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по цена од 87 денари.

Паѓа цената на мазутот и ќе изнесува 50,4 денари по литар. Екстра лесното масло за домаќинство од утре ќе се продава поевтино за денар и пол, односно за 89 денари.

Со најновата одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,38 проценти.