173 ковид- случаи во последните три дена, починати три лица
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот наепидемијата изнесува 342.248, бројот на оздравени пациенти е 332.051, на починатие 9.524, а бројот на активни случаи изнесува 673.

Во последните три дена направени се 1.216 тестови, а регистрирани се 173 нови случаи на Ковид-19: Скопје –123, Битола – 16, Кавадарци – 7, Прилеп – 6, Велес – 4, Куманово, Охрид и Штип – по 3, Струмица, Ресен и Кратово – по 2, Тетово и Радовиш – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (173),регистриранисе 46 реинфекции. Регистрирани сe 186 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите три дена пријавени се три починати лица,по едно лице од Скопје (69г), Валандово (75г) и Охрид (79г). Лицата сепочинати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот наепидемијата изнесува 342.248, бројот на оздравени пациенти е 332.051, на починатие 9.524, а бројот на активни случаи изнесува 673.
Досега во земјата се направени вкупно 2.162.814 тестирање на Ковид-19.
