Македонија

Изгореа бараки во Центар, ќе се проверува сопственоста на земјиштето

19.09.2022 14:54

Локализиран пожарот во близина на „Рампа“. Изгоре барака, но со брза интервенција на пожарникарите, спречено е ширењето на огнената стихија. Нема повредени...

Во пожарот што избувна кај Стара рампа, спроти Тутунски комбинат, нема повредени. Во запалениот објект престојувале бездомници, а често се собирале и зависници, велат оние кои ги анкетиравме.

„Опожарени се околу 300 квадратни метри. Отежнувачки фактор за нас беше што од едната страна има објект во градба, ископ кој ни ја отежнуваше интервенцијата“, рече командантот на Противпожарната бригада во Скопје, Ѕвонко Томевски.

На дуќанот нема оштетувања, тоа беше приоритет да се сопре пожарот да се шири кон дуќанот. Нема повредени пожарникари, нагласи Томевски.

Градоначалникот на Општина Центар најави дека ќе се испитува чие е земјиштето и бараките што се изгорени. Информираше дека во тие бараки имало населено семејство на диво, но било отстрането од таму по неколку месеци.

Поради гасењето на пожарот беше затворен и сообраќајот во тој дел. Со пајак службата се собираа и паркирани возила околу местото на пожарот.

Шест противпожарни возила и 20 пожарникари интервенираа во пожарот, којшто ги зафати бараките кои се наоѓаат спроти тутунскиот комбинат.

Ана Јосифоска Тодоровска