Руско - украински конфликт

Зеленски: Преговорите со Русија во моментов се бесцелни

19.09.2022 15:16

Украина обвинува дека Русија извршила бомбардирање во близина на нуклеарна централа во Миколаев. Во Изјум и натаму нема струја, вода и храна. Граѓаните низ солзи сведочат за шестмесечна војна...

Украина обвинува дека Русија извршила бомбардирање во близина на нуклеарна централа во Миколаев. Експлозијата била на 300 метри од реакторот. Според украинските власти, Москва користи и ирански беспилотни летала. Остатоци од леталото Шахед-136 биле пронајдени за време на контраофанзивата што Украина ја започна овој месец во североисточните региони на земјата. Претседателот Зеленски најави нова офанзива на армијата на територијата окупирана од руската војска. Според него, преговорите со Русија во овој момент од војната се бесцелни.

„Изјум, Балаклија, Купјанск и целиот регион Харков се градовите и заедниците што ги ослободивме. Овие зборови се слушаат сега. Се слушаат насекаде. Се слушаат И Мариупол, Мелитопол и Керсон, но ќе звучат уште погласно кога ќе ги ослободиме. Ние не зборуваме за она што не е наше. Затоа што Украина мора да биде слободна, цела“, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Во ослободениот Изјум беше откриена масовна гробница со 440 тела. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков вели дека обвинувањата упатени кон Русија дека извршила воени злосторства во регионот на Харков се лага, која се одвива според истото сценарио како и во Буча.

Тоа е истото сценарио како во Буча. Се одвива во согласност со истото сценарио. Тоа е лага и се разбира, ќе ја браниме вистината“, изјави Димитриј Песков, портпарол на Кремљ.

Во Изјум и натаму нема струја, вода и храна. Граѓаните низ солзи сведочат за шестмесечна војна.

„Поминавме половина година во подрум. Беше ужасно. Бевме бомбардирани. Градот е речиси уништенНи олесна кога видовме дека нашите војници доаѓаат“, вели Наташа, жител на Изјум.

Според статистиката, бројот на жртви помеѓу цивилното население во Изјум е двојно поголем од бројот на жртвите во градот Буча, во Киевскиот регион.

Маријана Димовска