Веб страна - Национална географија на македонски јазик

21.04.2014 15:59

Национална географија на македонски јазик. Страницата ја уредува штипјанец .На овој начин на светот ќе им бидат презентирани нашите природни убавини и нашиот македонски идентитет.

Волонтерски и со многу ентузијазам и љубов, 22 –годишниот штипјанец  Мартин Каровски, веќе две години преку брендот на Нацинална Географија ја промовира Македонија.

Самоиницијативно, а со одобрение на официјалната страница на Национална географија на српски јазик, Мартин објавува информации поврзани со Македонија, на македонски:

Националана географија Македонија: „Со овој мој потфат сакам да придонесам за промоција на Македонија, да претставам многу интересни факти за Македонија. На пример, Македонија е првата христијанизирана земја во Европа, но тоа ретко кој го знае“.

Ентузијазмот и желбата на овој млад штипјанец да ја промовира својата земја, не останале незабележани, па Македонија веќе е на агендата на тимот на Национална Географија:

Мартин Каровски – Националана географија Македонија: „ национална Географија наскоро ќе започне со снимање на документарен филм за Македонија, поточно за христијанството во Македонија и ќе го опфати целиот период од раното христијанство до денешно време и сите проблеми што ги има Македонската православна црква.“

Инаку, Каровски  -  студент на Високата школа за медицина, со својот ангажман докажа дека кога нешто се сака, ниту годините ниту различноста на професијата, не се пречка да се постигне целта.

Оливера Жежова