Не успеа ниту Нуров
Магомедгаџи Нуров го совлада Мухетке од Кина во првото коло во категоријата до 97 килограми, но потоа во четвртфиналето загуби од Грузиецот Матчарашвили, па немаше шанса да се надева дека ќе ја достигне бронзата од Мундијалот во Нурсултан во 2019-тата.

Македонските борачи и денеска немаа големи успеси на Светското првенство во Белград. Магомедгаџи Нуров го совлада Мухетке од Кина во првото коло во категоријата до 97 килограми, но потоа во четвртфиналето загуби од Грузиецот Матчарашвили, па немаше шанса да се надева дека ќе ја достигне бронзата од Мундијалот во Нурсултан во 2019-тата.
Во конкуренција на борачи до 61 килограм, Бесир Алили не беше рамноправен против Иранецот Атринагхарши и заврши уште во квалификациите. Претходно, позначаен настап немаа ниту Егоров и Весели.
