Пандемијата и кризата го зголемија семејното насилство за 40 проценти
Со имплементација на Истанбулската конвенција и со јакнење на соработката на граѓанскиот сектор, институциите и локалната власт може да им се помогне на жртвите на семејно насилство. Бројките на пријави растат, посебно по пандемијата, а се очекува трендот на насилство во домовите да остане висок и заради економската криза…

Во првата половина на годината во државата се евидентирани 662 случаи на семејно насилство, 443 жртви се жени, 116 мажи, а 83 се деца. Доминирало психичкото насилство. Државата нуди неколку вида услуги за жртвите.
Од големо значење за жртвите е да добијат навремена помош во локалните заедници, услугата да биде достапна за сите.
Невладината ЕХО две децении пружа помош на жени и девојки жртви на насилство. Пандемијата го зголеми бројот на пријави, за девет месеци помош побарале 176 жртви.
Во Штип работи бесплатно советувалиште за жени и девојки жртви на родово засновано насилство, каде правна и психосоцијална помош добиваат жртвите од целиот регион.
Славица Величковска
