Општина Гази Баба

Акции за спречување на инциденти во автобусите на ЈСП

19.09.2022 17:04

Советот за превенција на Општина Гази Баба сигнализира на зголемениот број инциденти меѓу малолетниците во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие. На состанокот беа и претставници од неколку месни заедници, но и од полицијата...

Зголемено полициско присуство како и функционален мониторинг систем во автобусите се дел од заклучоците на Советот за превенција на општина Гази Баба, по минатонеделните инциденти меѓу малолетниците во возилата на ЈСП. Тепачки меѓу некои од децата се децениски проблем, особено на почетокот на учебната година и тоа токму во овој реон од градот, затоа Советот бара соживот меѓу различните етнички заедници.

Претходеше жестока расправа поради задоцнетата реакција на надлежните институции. Членовите на Советот инсистираа на превентивни дејства за да се спречат инциденти со потешки последици. Од СВР Гази баба со објаснување-немаат доволно персонал и посочуваат родителите или сведоците на овие настани да помогнат во откривање на сторителите.

Претставникот од месната заедница на Ченто, смета дека не треба да се генерализира проблемот, и дека полициските униформи во автобусите би ја влошиле и онака затегнатата состојба.

Советот за превенција се обврза во најскоро време да се надмине состојбата, но да и да се одржи нова средба по две недели.

Марина Тонева Стојанова