Енергетика

Продолжуваат преговорите со Бугарија

19.09.2022 17:20

Нова средба на ресорниот министер Бектеши со неговиот бугарски колега за набавка на струја. Договорено е со Грција за испорака на гас и јаглен, а ќе се преговара и со Турција...

Продолжуваат преговорите со Бугарија за цената за набавка на струја, најави министерот Бектеши. Ќе има онлајн средба со својот бугарски колега. Вели се чека Европската комисија да излезе со мерки и најавеното ограничување на цената на електричната енергија на 180 евра мегават час, а потоа ќе се договара и по која цена ќе купиме струја од Бугарија. Тој „смета на добра волја за договор за заедничко справување со енергетската криза“. В четврток во Турција ќе се разговара за енергетиката, а со Грција веќе се договорени количините на природен гас и јаглен.

Ограничувањето на трговските маржи наместо да трае до крајот на септември, ќе биде продолжено до крајот на годинава, вели Бектеши.

Министерот побара поддршка од ИВЗ за почитување на мерките за штедење на струја.

Поддршка во справувањето со енергетската криза, Бектеши ќе побара и од Македонската Православна црква на средбата во текот на неделава.

Наташа Гркова Петрушевска