Павел Шатев: „ВМРО ДПМНЕ ќе освои 62 пратеника, СДСМ 32 пратеника“

21.04.2014 16:16

Институтот „Павел Шатев“ излезе со ново истражување на јавното мислење според кое, ВМРО ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори ќе освои 62-ца пратеника, СДСМ 32-ца, ДУИ 16, ДПА 9 и ГРОМ 1 пратеничко место. Во пресметката не се земени тројцата пратеници од дијаспората.

Според истражувањето, на изборите за ВМРО ДПМНЕ ќе гласаат 27,9 насто од испитаниците, наспроти СДСМ на чие конто би отишле 14,9 проценти од гласовите.40,9 насто од испитаниците сметаат дека ВМРО ДПМНЕ ќе ја однесе победата на предвремените избори. Премиерот Груевски се уште ужива најголема доверба и 47,2 процента од испитаниците него би го избрале за иден премиер, наспроти 18,3 отсто чиј избор е Зоран Заев.

За претседателските избори, според ова истражување, 32,6 проценти од испитаниците ќе гласаат за Ѓорге Иванов, наспроти 15,2 чиј избори би бил Стево Пендаровски.

Телефонската анкета, институтот самоиницијативно ја спровел во периодот од 15 до 17 април, на репрезентативен примерок од 1.450 испитаници. Статистичката грешка е +/-  2,5 проценти.