МВР

Приведен криумчар од Струмица, превезувал седум лица мигранти од Сирија

19.09.2022 20:11

Во населба Долно Којнаре, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Ш.(20) од Струмица...

На 19.09.2022 околу 16.15 часот во населба Долно Којнаре, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Ш.(20) од Струмица.

При контрола на патничко возило „форд фокус“, со бугарска национална ознака, кое го управувал, биле пронајдени седум лица мигранти од Сирија.

По документирање на случајот против возачот ќе биде поднесен соодветен поднесок, а лицата мигранти ќе бидат пренесени во прифатно-транзитен центар.