Свет

Ураганот Фиона стигна до Доминиканска Република

19.09.2022 20:27

Ураганот Фиона денеска ја зафати Доминиканската Република, додека Порторико се подготвува за уште еден ден со силен дожд и опасни по живот поплави, соопшти американската владина агенција еден ден откако островот ја загуби струјата...

Ураганот Фиона денеска ја зафати Доминиканската Република, додека Порторико се подготвува за уште еден ден со силен дожд и опасни по живот поплави, соопшти американската владина агенција еден ден откако островот ја загуби струјата.

Доминиканската Република е зафатена од екстремно силен дожд, како и од ветрови со брзина од 90 милји на час, додека бурното време во Порторико почнува да се стабилизира.