Одбрана
Началникот на Генералштабот на Армијата Васко Ѓурчиновски во посета на Црна Гора
20.09.2022 08:35
Во Подгорица ќе оствари официјална средба со началникот на Генералштабот на Војската на Црна Гора, бригаден генерал Зоран Лазаревич...

Началникот на Генералштабот (ГШ) на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски се наоѓа во неколкудневна работна посета на Црна Гора, каде во текот на денешниот ден, во Подгорица ќе оствари официјална средба со началникот на Генералштабот на Војската на Црна Гора, бригаден генерал Зоран Лазаревич.
Генералот Ѓурчиновски во текот на својот престој во Црна Гора ќе учествува и на Конференцијата на началници на генералштабови на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5), која ќе се одржи во Будва од утре до 23 септември, информираат од прес-службата на ГШ.
