Политика
Милевски ќе ја депонира оставката до Владата
20.09.2022 08:44
Се повлекува од лични причини, а до крајот на неделата се очекува неговата партија да предложи нов кандидат за министер.

Министерот за локална самоуправа од редовите на Либерално-демократската партија, Горан Милевски денеска се очекува да ја депонира својата оставка до Владата.
Се повлекува од лични причини, а до крајот на неделата се очекува неговата партија да предложи нов кандидат за министер.
Дел од медиумите објавија дека Милевски ќе се повлече и од лидерската функција во ЛДП, а како еден од кандидатите кои би го замениле е актуелната потпретседателка Моника Зајкова која изјави дека доколку ја добие потребната поддршка од партиските тела, ќе и биде чест да ја извршува функцијата претседател на ЛДП.
