Дополнителни субвенции за зелката и за сливата
Производителите на зелка и на слива ќе добијат дополнителна субвенција за периодот, кога поради нарушување на пазарот откупните цени беа многу ниски. Средствата ќе се обезбедат од интервентниот фонд и тоа два денари за килограм зелка и два до четири денари за сливата...

Со новата дополнителна мерка се обезбедува за финансиска поддршка од три денари за килограм за произведена и предадена зелка за периодот од 13 април до 7 мај 2022 година.
Корисници на оваа мерка се регистрирани земјоделски стопанства кои веќе имаат поднесено барања за субвенции и кои го имаат предадено родот кај регистрирани откупувачи. Максималното прифатливо количество за кое се обезбедува поддршката е до 30.000 килограми зелка по хектар пријавена површина.
Дополнително се обезбедува и финансиска поддршка за произведена и предадена слива кај регистрирани откупувачи за период од 20 август до 30 септември 2022 година. Корисници на оваа мерка се земјоделските стопанства кои оваа сезона исто така имаат овошен насад од слива со поднесено барање за субвенции и производството го имаат предадено во регистрирани капацитети за откуп.
Поддршката следува за максимум произведено количество до 17.000 килограми по хектар.
Висината на субвенцијата за откупена слива за месец август изнесува два денари, додека за откупена слива за месец септември изнесува четири денари по килограм.
Методија Трајков
