Масовни протести во Иран по смртта на Махса Амини, девојката со „неисламска“ изглед
Махса Амини беше уапсена минатиот вторник поради „неисламска“ облека и изглед. Според полициски наводи, Амини во притвор паднала во бессознание, а потоа во кома, поради откажување на срцето...

Илјадници Иранци излегоа на протести по смртта на 22-годишната Махса Амини во полициски притвор. Безбедносните сили во Техеран уапсија неколку демонстранти.
Според медиумски извештаи, на протестите во некои градови дошло и до насилни судири помеѓу безбедносните сили и демонстрантите. Махса Амини беше уапсена минатиот вторник поради „неисламска“ облека и изглед. Според полициски наводи, Амини во притвор паднала во бессознание, а потоа во кома, поради откажување на срцето.
Портпаролот на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, побара одговорните за смртта на Амини да бидат изведени пред лицето на правдата и да се почитуваат основните права на сите луѓе во Иран, вклучително и правата на затворениците.
