Доњецк и Луганск бараат референдум за приклучување кон Русија
Украина соопшти дека нејзините сили влегле на исток во територијата којашто неодамна ја напуштија руските сили. Шефот на руската сепаратистичка администрацијата на Доњецк, го повика лидерот на Луганск да ги задржат напорите за подготовка на референдум за приклучување кон Русија...

Украина соопшти дека нејзините сили влегле на исток во територијата којашто неодамна ја напуштија руските сили. Покрај заземањето на дваесетина места во Харковската област по руското повлекување, украинската војска тврди дека имала успех и во регионот Нова Каховка во регионот Херсон.
Во меѓувреме шефот на руската сепаратистичка администрацијата на Доњецк, го повика лидерот на Луганск да ги задржат напорите за подготовка на референдум за приклучување кон Русија.
„Мислам дека одредени работи треба заеднички да се организираат и одредени активности да се синхронизираат. Предлагам, републичките администрации и парламентите да ги здружат своите напори за да ги елаборираат чекорите за започнување на подготовките за референдуми“, изјави Денис Пушилин, шеф на самопрогласената Народна Република Доњецк.
Украинскиот претседател најави дека ќе го искористи видеообраќањето на Генералното собрание на Обединетите нации за да ги повика земјите-членки да ги забрзаат испораките на оружје.
