Свет
Средби на министрите за надворешни на Ерменија и Азербејџан во Њујорк
20.09.2022 10:45
Состанокот беше договорен од американскиот државен секретар Ентони Блинкен на маргините на годишното Генерално собрание на ОН, во обид да се намалат тензиите и да се одржи кревкиот прекин на огнот меѓу двете земји...

Министрите за надворешни работи на Ерменија и Азербејџан се сретнаа во Њујорк на први разговори, по неодамнешните гранични судири кои однесоа повеќе од 200 животи.
Состанокот беше договорен од американскиот државен секретар Ентони Блинкен на маргините на годишното Генерално собрание на ОН, во обид да се намалат тензиите и да се одржи кревкиот прекин на огнот меѓу двете земји.
Блинкен рече дека е охрабрувачки што борбите престанаа, додавајќи дека „силниот, одржлив дипломатски ангажман е најдобриот пат за секого“.
