Денот на пензионерите се одбележува со низа активности
Во просториите на Сојузот ќе бидат избрани пет најактивни здруженија на пензионери кои во изминатиот период дале најголем придонес со своите хуманитарни активности во руралните средини...

Во организација на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија (СЗПМ), со низа активности ќе се одбележи Денот на пензионерите, 20-ти септември. Во просториите на Сојузот ќе бидат избрани пет најактивни здруженија на пензионери кои во изминатиот период дале најголем придонес со своите хуманитарни активности во руралните средини. Ќе им бидат врачени благодарници на оние кои ја покажаа својата солидарност на дело, посетувајќи ги осамените пензионери на кои им е потребна помош и поддршка дадена со почит и од срце.
За потсетување, СЗПМ ја прогласи 2022 година за година на рурален пензионер и во тој проект со задоволство и радост се вклучија големиот број здруженија-членки на Сојузот. Пензионерите меѓусебно си покажаа дека не се заборавени и сами.
Инаку во пресрет на Денот на пензионерите 20-ти септември, во организација на СЗПМ, на 14.09 се одржаа и 26-те Републички спортски пензионерски игри. Учесниците покажаа дека пензионерите сè уште можат да бидат активни и да водат исполнет живот, да дадат свој придонес за промоција на спортот и здравите навики во рамки на секојдневното живеење.
Јасмина Никова
