Свет

ЕУ го одбри Евушелд на Астра Зенека за лекување на Кобвид-19

20.09.2022 12:27

Резултатите покажаа дека една доза Евушелд обезбедува клинички и статистички значајна заштита од развивање на тешка клиничка слика на Ковид-19 или смрт кај нехоспитализирани возрасни лица кои имале благи до умерени симптоми седум дена или помалку...

Астра Зенека денеска соопшти дека нејзиниот комбиниран лек со антитела со долго дејство за пациенти со Ковид-19, Евушелд, е одобрен во Европската унија за лица на возраст од 12 години и постари.

Одобрувањето на Европската комисија е засновано на резултатите од третата фаза од студијата за Евушелд, соопшти британско-шведската фирма.

Резултатите покажаа дека една доза Евушелд обезбедува клинички и статистички значајна заштита од развивање на тешка клиничка слика на Ковид-19 или смрт кај нехоспитализирани возрасни лица кои имале благи до умерени симптоми седум дена или помалку.

Евушелд доби дозвола за ставање во промет во ЕУ за превенција од пред-изложеност на Ковид-19 кај возрасни и адолесценти на почетокот на оваа година, и веќе е достапен во повеќето земји во Европа.