Македонија

Јолевски: Треба да се засилат контролите

20.09.2022 13:50

Со криење предмети во фиока се поткопува довербата на Обвинителството, а граѓаните се плашат да пријават кривични дела, потребни се засилени контроли, вели првиот човек на Обвинителството, Јолески. Одложена седницата за избор на четворицата обвинители што ќе гонат криминал и корупција...

Ако обвинители кријат предмети во фиоки и не постапуваат, тоа многу ја поткопува довербата во институцијата, а граѓаните се обесхрабруваат да пријавуваат кривични дела, вели претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски. Додава дека случајот со поднесеното обвинение против поранешен обвинител од Охрид, не е единствено. Тој бара да продолжат засилените контроли, дури и врз работата на обвинителите коишто самите поднеле оставка и не чекале да бидат разрешени.

Изборот на четворица обвинители кои ќе гонат организиран криминал и корупција, по трет пат се одложи затоа што членовите на Советот ги немаат разгледано потребните документи за да направат вистински избор.

Новиот шеф на Обвинителството, со кое до скоро раководеше суспендираната Русковска ќе се избира со гласање на сите 163 обвинители во земјава, на избори закажани за крајот на октомври.

Анита Димитријевска – Велковска