Димитров: Во македонските учебници треба да има сериозни измени
Тврди дека Македонците не знаат што се случувало пред 1944-та година и дека во македонските учебници треба да има сериозни измени. Според Димитров, во Скопје нема подготвеност за каква било промена.
Копретседателот на мешовитата историска македонско-бугарска комисија Ангел Димитров со непроменети ставови. Тврди дека Македонците не знаат што се случувало пред 1944-та година и дека во македонските учебници треба да има сериозни измени. Според Димитров, во Скопје нема подготвеност за каква било промена.
„Немаат сознанија за тоа што се случувало ни во првата половина на минатиот век, кога населението таму беше прогласено за српско, и кога имаше терористички режим, кога имаше големо насилство и постојани репресии, тоа изгледа воопшто не ги интересира, ги знаат само пропагандите и манипулациите по 1944-та година. Она што е одлучено и најавено е дека треба да се пристапи кон промена на нивните учебници. Зборуваме за учебникот надвор од нашата заедничка историја. Белешките за нашите учебници се општи, не допираат важни работи во толкувањето и се пуста желба, но она што треба да го направат е да видат реципрочна акција, почитување на заедничката комисија, да направат сериозни измени во нивните учебници. Ова треба да се направи веднаш. Учебниците може да се дополнат и без да се печатат нови“, нагласува Димитров.
