Што ќе гледате утре во „Македонија наутро“?
Речиси 600.000 нови случаи на рак на грлото на матката се дијагностицираат секоја година, а секоја минута, на една жена и се дијагностицира овој карцином. Дијаностиката, третманот и превенцијата на ракот на грлото на матката тема во фокус со доц. д-р Ирена Алексиоска...
Православните Христијани во Македонија го слават раѓањето на пресвета Богородица, празник на мајката на сите мајки. Во храмовите се служи утринска света литургија. Верниците доаѓаат да запалат свеќа за здравје и бериќет за себе и своите најблиски. Од храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје на линк ја имаме колешката Елизабета Кузмановска, а од селото Скачковце Елена Георгиевска ни ја пренесува атмосферата од осветувањето на црквата Света Богородица во манастрискиот компплекст Света Троица.
Мирот не е само отсуство на војна туку општа состојба во која човекот е во согласност со себе, со природата и со другите. Градењето на мир опфаќа процеси и активности што водат кон создавање и одржување на општество без насилство, дискриминација, неправда. На Меѓународниот ден на мирот со претставници од Првата детска амбасада Меѓаши го отвораме прашањето колку придонесуваме во градењето мир во општеството како услов за иднината?
Речиси 600.000 нови случаи на рак на грлото на матката се дијагностицираат секоја година, а секоја минута, на една жена и се дијагностицира овој карцином. Дијаностиката, третманот и превенцијата на ракот на грлото на матката тема во фокус со доц. д-р Ирена Алексиоска – гинеколог во неделата на ретките гинеколошките карциноми, која се одбележува во земјава.
По две ипол години од почетокот на ковид пандемијата повторно во главниот град се врака еден од омилените настани – инклузивните забави на здружението „Аутизам МК“. Деталите за „Играме заедно“ во недела на Школка ги дознаваме од Денис Јанкуловски.
„Македонија наутро“ почнува од 06:45.
