Пратениците се скараа за измените на Законот за градба
За ВМРО-ДПМНЕ измените се нелогични и не ги прифаќаат. На иста линија и пратеничката Морачанин, која не даде поддршка за амандманот, посочувајќи дека мора да се почитуваат сите законски постапки.

Пратениците од власта и опозицијата се скараа за измените на Законот за градба кои меѓудругото предвидуваат посебна постапка за поставување фотоволтаици на објекти без решение. Целта е да се забрзаат и олеснат процедурите за компаниите во време на енергетска криза, под услов во рок од една година да го инсталираат панелот.
За ВМРО-ДПМНЕ измените се нелогични и не ги прифаќаат. На иста линија и пратеничката Морачанин, која не даде поддршка за амандманот, посочувајќи дека мора да се почитуваат сите законски постапки.
За да стапат во сила, измените треба да го поминат собранискиот филтер.
Викторија Милевска
