Ќе се намалуваат казните за малите и средните фирми

21.04.2014 16:46

Ќе има намалување на казните кај малите и средни фирми. Пропорционално на приходот и на големината на фирмата ќе се плаќаат пенали...

„Стоте милиони евра што ќе им ги дадеме на располагање на фирмите исто така ќе ги објасниме да знаат точно каде може да аплицираат, кога може да аплицираат фирмите и слично.Сто милиони евра со каматна стапка од 5,5 проценти се на располагање за фирмите од Струмица и од цела Република Македонија, како и новите 10 милиони евра до капитализација на Македонска банка за поддршка на развојот за фирмите што сакаат да откупуваат или извезуваат земјоделски производи тоа е посебно интересно за компаниите од струмичкиот регион“, појасни Зоран Ставрески, носител на кандидатска листа на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија во ИЕ 4. 

Тој очекува врз основа на овие мерки, како и на други мерки како што е ослободувањето на фирмите од плаќање на социјални придонеси за вработување на млади лица до 29 години дека ќе има добар разговор, добар интерес и оти уште еднаш фирмите ќе ја дадат поддршката за овие економски политики кои што ја избавија Македонија од кризата, овозможија стопанството во Македонија да опстане, да работи и да има позитивни резултати.

„Со оглед на тоа дека во Европа има и подобри времиња, доаѓаат подобри времиња, мислам дека за сите нас стопанствениците следниот период ќе биде подобар и со вакви стабилни политики, со дополнителни мерки што гипредвидуваме во програмата стопанството во Република Македонија може да очекува подобри времиња“, рече Ставрески на средбите со бизнис заедницата во Струмица, каде што ја посети и кондиторската фабрика „Јока".