Свет

Јапонија: Загинати и евакуирани поради тајфунот Нанмадол

20.09.2022 14:21

Тајфунот „Нанмадол“ уби најмалку две лица и повреди околу 90 други откако пристигна на најјужниот јапонски остров Кјушу. Евакуирани се девет милиони луѓе, а повеќе од 350 илјади домови се без струја...

Една од најголемите бури во последните децении што ја погоди Јапонија предизвика големи штети, лизгање земјиште и поплави.

Тајфунот „Нанмадол“ уби најмалку две лица и повреди околу 90 други откако пристигна на најјужниот јапонски остров Кјушу. Евакуирани се девет милиони луѓе, а повеќе од 350 илјади домови се без струја.

Се очекува бурата да се сврти кон исток и да го помине главниот јапонски остров Хоншу пред утре да се пресели во морето. Повисоките температури на морската површина на Атлантикот и Карибите како резултат на климатските промени може да влијаат и на зачестеноста и интензитетот на ураганите.