Свет
Убиени деца во масакр во училиште во Мјанмар
20.09.2022 14:26
Најмалку шест деца загинаа, а 17 биле ранети кога воени хеликоптери пукаа врз училиште во Мјанмар, за кое верувале дека е засолниште на бунтовниците...

Најмалку шест деца загинаа, а 17 биле ранети кога воени хеликоптери пукаа врз училиште во Мјанмар, за кое верувале дека е засолниште на бунтовниците.
Мјанмар е зафатен од насилство откако војската ја собори избраната влада на почетокот на минатата година. Оттогаш, ширум земјата се појавија опозициски движења, некои вооружени, на кои војската се спротивставила.
