75 нови случаи со Ковид-19
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.323, бројот на оздравени пациенти е 332.150, на починати е 9.524, а бројот на активни случаи изнесува 649.

Во последните 24 часа направени се 887 тестови, а регистрирани се 75 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 38, Куманово – 8, Велес – 6, Кавадарци – 4, Охрид, Кичево и Гевгелија – по 3, Битола, Прилеп и Штип – по 2, Неготино, Радовиш, Крива Паланка и Берово – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (75), регистрирани се 21 реинфекција. Регистрирани сe 99 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, не се регистрирани починати лица.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.323, бројот на оздравени пациенти е 332.150, на починати е 9.524, а бројот на активни случаи изнесува 649.
Досега во земјата се направени вкупно 2.163.701 тестирања на Ковид-19.
