Македонија

Фотографот Иван Блажев со изложба во Кинотека

20.09.2022 14:36

Изложбата е всушност заокружување на циклусот фотографии снимени во Дрезден во периодот од 2018 до 2020 година. Дел од овие фотографии првично биле прикажани во Скопје на изложба со наслов „Дрезден: време, простор, лица“ и таа всушност претставувала заедничка изложба на фотографии на Иван Блажев, Александар Кондев и Матијас Шуман во 2019 година, а потоа и во Дрезден во 2020 година.

„Сето време е сето време“ е насловот на изложбата на фотографот Иван Блажев која се отвора вечерва во Кинотека на Република Северна Македонија.

Изложбата е всушност заокружување на циклусот фотографии снимени во Дрезден во периодот од 2018 до 2020 година. Дел од овие фотографии првично биле прикажани во Скопје на изложба со наслов „Дрезден: време, простор, лица“ и таа всушност претставувала заедничка изложба на фотографии на Иван Блажев, Александар Кондев и Матијас Шуман во 2019 година, а потоа и во Дрезден во 2020 година.

Патот на овој проект продолжува во Белград каде во 2021 година е прикажан во проширена форма. Сега овој проект повторно се враќа во Скопје но овој пат во најекстензивен изложбен формат придружен и со фото-книга во која сликата и текстот се во фантастично единство.

Главна тема на изложбата е градот Дрезден и со неа се има амбиција да се долови целината во која се соединуваат различни временски периоди и слоеви на градот преку неговите урбани контури. Затоа фотографиите не претставуваат само обични фотографски погледи на градот, туку авторска стратегија со нивно вкрстување со раскажаниот текст во кој има цитати од книгата „Кланица 5“ на авторот Курт Вонегут да се постигне таа целина.

Куратор на изложбата е Владимир Јанчевски