Обезбедена терапија за сите деца кои имаат недостаток на хормонот за раст
На Светскиот ден за подигнување на свеста за растот кај децата, апел, родителите да контролираат дали висината на децата соодветствува со нивната возраст, за да реагираат навреме. Кај 200 деца ненавремено е дијагностициран недостиг на хормон за раст...

Ако детето бавно ја надраснува облеката, ако е многу пониско од врсниците, изгледа помладо за возраста, не расте барем пет центиметри годишно, треба да биде алармот да се посети ендокринолог. Од здружението „Раст“ советуваат двапати годишно задолжително да се мери висината на децата. Според нив кај 200 деца ненавремено е дијагностициран недостиг на хормон за раст.
Обезбедена е терапија за сите деца со овој проблем.
Но, лекот за кршливи коски, од кој страдаат некои деца го нема, тендерот не поминал.
Директорката на Детска клиника истакна дека законската регулатива мора да се смени, бидејќи никој не смее да остане без потребната терапија.
Наташа Јанчиќ Менковски
