Изборни реформи

Јавноста очекува повеќе да биде вклучена во изборниот систем

20.09.2022 15:12

Заклучокот е дека јавноста очекува повеќе да биде вклучена во изборниот систем, но е против промена на Изборниот законик непосредно пред избори - елаборираше директорката на ЕПИ, Симонида Кацарска.

Бројот на изборни единици, видовите листи за кандидати за пратеници,  гласање во странство и регистрација на гласачите - темите на анализата на Институтот за европски перспективи. Заклучокот е дека јавноста очекува повеќе да биде вклучена во изборниот систем, но е против промена на Изборниот законик непосредно пред избори - елаборираше директорката на ЕПИ, Симонида Кацарска.

Потребата за зголемена употреба на дигитализацијата во изборниот процес е параметарот кој отскокнува во однос на очекувањата на јавноста.

Нема големи промени во статистичката вредност во однос на прашањето за  промена на бројот на изборните единици. Граѓаните сметаат дека политичките чинители нема да освојат значително различен број на гласови во изорните единици.

 

Марина Стојанова- Тонева