МВР
Приведен разбојник во Скопје, следува соодветна пријава
20.09.2022 15:29
Лицето се сомничи дека на 16.09.2022 извршил кривично дело разбојништво, односно дека со употреба на сила од такси-возач одзел пари...

Денеска во 12.00 часот на ул. „11 Октомври“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Н.Д.(46) од с. Вражале, општина Зелениково.
Тој се сомничи дека на 16.09.2022 извршил кривично дело разбојништво, односно дека со употреба на сила од такси-возач одзел пари.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
