Бесплатни учебници и превоз за учениците
Од 12 членови во семејството Китановски, 6 одат на училиште. Потребите се големи, а средствата ограничени.
Велат, бесплатните учебници и превозот се од големо значење тиеда се школуваат. Надлежните велат дека за разлика од порано, се повеќе деца од ранливите семејства редовно одат на училиште.
„Но,користа не е само за семејствата во социјален ризик. Веќе петта годинапо ред сите семејства заштедуваат. Бесплатни учебници добиваат сите во основните и во средните училишта, а учениците што живеат подалеку од 2,5 километри од училиштето имаат бесплатен превоз“, Пенка Николовска, Центар за социјални работи
За 8 години буџетот за образование е зголемен за 67 проценти. Годинава од државната каса за образовниот систем се издвоени 22 милијарди денари.
Наташа Јанчиќ
