Државните станови се продаваат „како алва“
Продолжува градежната офанзива на Акционерското друштво за изградба на станбен и деловен простор.
Освен социјални и станови за млади брачни парови, претпријатието интезивно гради и станови за комерцијална продажба. Во моментот се гради во Скопје, Охрид, Битола и Струмица, а според програмата, годинава државни станови ќе има и во Куманово
„Во реонски центар Аеродром становите се 80% продадени, а во Аеродром имаме 95% продажба додека во Центар имаме околку 70% продадени станови Кавлитетот е со загарнтиран и по сите стандарди, како термичка и звучна изолација“,Цветко Грозданов, директор на АД за стопанисување со станбен и деловен простор
Според Грозданов, целта на државните станови е да врши баланс на пазарот на недвижности. Во моментот, становите кои ги гради државата се продаваат по цена од 790 до 1100 евра за метар квадратен.
Програмата на претпријатието предвидува, до крајот на 2015 изградба на близу две илјади станови во 30 згради на територијата на цела држава.
Соња Јованова Наумовска
