Тупанчески во официјална посета на Словенија
Ќе одржи средба со министерката за правда на Словенија, Доминика Шварц Пипан. По завршувањето на средбата двајцата министри ќе одржат заедничка прес конференција.

Министерот за правда Никола Тупанчески од денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Словенија. Ќе одржи средба со министерката за правда на Словенија, Доминика Шварц Пипан. По завршувањето на средбата двајцата министри ќе одржат заедничка прес конференција.
Во рамки на посетата, министерот Тупанчески ќе се сретне и со Дамијан Флорјанчич, претседател на Врховниот суд на Словенија, Бојан Мајчен, директор на Управата на затворот и Данијела Мрхар Прелиќ, директор на Управата за пробација.
Утре, министерот Тупанчески ќе го посети Врховното државно обвинителство каде ќе оствари средба со Драго Шкета, државен јавен обвинител.
Предвидени се и средби во Државно обвинителскиот совет и Судскиот совет на Словенија. Во рамки на посетата на Словенија, министерот за правда Никола Тупанчески ќе се сретне и со министерката без ресор задолжена за дигитализација, Емилија Стојменова Дух.
