Воен конфликт

Путин нареди делумна мобилизација

21.09.2022 08:54

Во обраќањето изјави дека делумната мобилизација се однесува на резервисти со искуство кои, како што најави, ќе поминат претходна воена обука.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска објави делумна мобилизација во земјата со цел да се зголеми бројот на војници во воениот конфликт во Украина.

Во обраќањето изјави дека делумната мобилизација се однесува на резервисти со искуство кои, како што најави, ќе поминат претходна воена обука.

Потенцирам дека тоа е делумна мобилизација. Мобилизацијата започнува денеска, 21 септември. На Русите кои се мобилизирани ќе им бидат дадени сите бенефиции и гаранции – рече Путин.